Тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо, е задоволен поради тоа што неговиот тим ја задржа лидерската позиција во СЕХА Газпром лигата откако вчеравечер го совлада Татран (23:21).
Ние не одигравме најдобро во текот на првото полувреме. Во овој период од средбата ни недостигаше интензитет и фокус во мечот. Потоа беше поинаку. Вториот дел донесе подобра игра, а морам да им се заблагодарам на моите ракометари за покажаното во тој дел од мечот. Имавме проблеми со играта во одбрана и тоа ни се одрази врз резултатот. Се соочивме и со проблеми бидејќи двајца од ракометарите кои играат во центарот на одбраната се повредија за време на натпреварот. Најважно е дека се изборивме за уште една победа, изјави Парондо.
Вардар е лидер во регионалното натпреварување со 30 бода од 12 натпревари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.