Вардар попладнево дозволи целосен пресврт во второто полувреме и победа на Веспрем во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, а овој пораз во Лигата на шампионите очекувано донесе незадоволство кај тренерот Роберто Парондо.
По средбата, тој му ја честиташе победата на Веспрем, но потенцираше дека одлучил заморот на неговите ракометари во последните десет минути и неможноста да му се парира на вистински начин на противникот.
Не сме задоволни, сакавме да победиме на овој натпревар, но не успеавме. Одигравме одлично прво полувреме, во паузата се договоривме да продолжиме во ист стил, но очигледно не можевме. Миклер одигра добро во второто полувреме, игравме лошо во последните десет минути, а тие беа и посвежи од нас и заслужено победија, истакна Парондо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.