По мечот и големото славје во Келн, тренерот на Вардар Парондо на прес-конференцијата потенцира што било клучно за да се дојде до победата над Барселона и пласманот на „црвено-црните“ во утрешното финале на ЛШ.

Среќни сме, ја победивме Барселона, една од најдобрите екипи во Европа. Горди сме што повторно ќе бидеме дел од едно финале. Првиот дел не ни беше баш најдобар, имавме негатива од 7 голови, во разговор со играчите, им реков дека кога ќе излезат во второ полувреме, да размислуваат дека ние сме таа екипа која води +2 на полувреме. Можам да кажам дека сум горд на момците и постигнатото, ова е нешто неверојатно, констатира Парондо.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.