Македонската ракометна репрезентација ја победи Грција со 27:23 во последниот квалификациски меч за Европското првенство кој се одигра во Струмица, со што го завери првото место во групата.
Македонија ја оствари целта, ја победи Грција и го освои првото место во квалификациската група. Во недостојни услови, пред мала публика, во која не беа Комитите, ракометарите го почнаа мечот бавно.
Грција отвори одлично, имаше почетничко водство кое долго го држеше, во десетата минута дојдоа до предност од три разлика 6-3, која ја имаа и во неколку наврати подоцна. Но како одминуваше натпреварот македонските играчи се будеа дури во 26. минута прв пат поведовме, беше 11:10. На полувремето имавме предност од 13:11.
Во второто полувреме игравме полесно, го имавме мечот под контрола, а Никола Митревски со неколку одлични интервенции ги откажа надежите на Грција за нова сензација. На крајот Македонија славеше со 27:23.
Најдобар стрелец беше капитенот Кире Лазаров со шест голови, Пешевски и Талески постигнаа по пет погодоци. Никола Митревски имаше 11 одбрани.
Македонија квалификациите ги заврши на првото место со четири победи, едно реми и еден пораз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.