Светската ракометна асоцијација (ИХФ) парично ја казни норвешката женска репрезентација во ракомет на песок, откако ракометарките одбија да настапат во бикини гаќички и порачаа дека тоа го сметаат за сексуализација на спортистките.

Норвежанките го игнорираа предупредувањето да се придржуваат до протоколот и се појавија во кратки шорцови на песокот во натпреварот за третото место на Европското првенство во Варна, а ИХФ им изрече поединечна парична казна од по 150 евра, или вкупно 1.500 евра.

Норвешката ракометна федерација соопшти дека ќе ја плати казната, изразувајќи им поддршка на своите ракометарки.

– Горди сме на девојките, кои настапија на Европското првенство во ракомет на песок. Го повишија гласот и порачаа дека е доста, објави Норвешката ракометна федерација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.