Македонската машка ракометна репрезентација во првиот меч од СП во Данска и Германија убедливо ја совлада Јапонија со 38 – 29.

Избраниците на Раул Гонзалез уште во првото полувреме ја потврдија фаворитската улога против „самураите“, играа полетно, брзо и атрактивно, а во ист стил продолжија и во вториот дел во која ја зголемија предноста од првите 30 минути (18-13) и ја заверија победата.

Борко Ристовски имаше фантастична партија со 20 интервенции. Најмногу голови постигна Кире Лазаров осум, четири од нив беа од пенал, Манасков даде седум, Стоилов шест, по четири пати реализираа Пешевски и Кузмановски.

Во второто коло Македонија игра против Бахреин, тој меч се игра во недела со почеток од 14 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.