Во фокусот на хрватските медиуми по натпреварот меѓу ППД Загреб и Вардар во осминафиналето од Лигата на шампионите беше хрватскиот репрезентативец на „црвено-црните“ Иван Чупиќ.
Крилото на „вардарци“ затекнат и од едно интересно прашање на хрватскиот новинар: „Може ли да ми кажеш со што во Скопје го храните Кристопанс?“
Со што го храниме? Со ајвар, со ајвар… а и со малку печурки за уште повеќе да расте. Да, може да кажеме дека тој оваа сезона е навистина моторот на екипата. Едноставно ако не му оди на тимот ја додавеме топката до Кристопанс и знаеме дека ќе погоди. Одличен е и во нападот и во одбраната. Само да ни остане здрав до крајот на сезоната, игра во одлична форма, изјави Чупиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.