На прес конференцијата по мечот Вардар – Монпелје (33-27), од таборот на гостите се извинија за страшниот старт врз Дисингер и потенцираа дека нивниот ракометар Суси немал никаква намера да го повреди играчот на Вардар.
Уште на почетокот од мечот Суси буквално го крена во воздух Дисингер кој веднаш по мечот беше однесен во болница. Ракометарот на Монпелје доби директен црвен картон. Прегледите покажаа дека сепак не станува збор за сериозна повреда.
Прво сакам да му честитам на Вардар за победата. Минатата година го добивме во полуфиналето во Келн, а оваа сезона им посакувам да одат докрај. Сакам да речам жал ми е за тоа што се случи на поетокот на натпреварот. Мислам дека тој старт врз Дисингер не беше намерен, Суси не е таков играч, тоа беше само една ситуација, која што се случува. Навистина се надевам дека тој не е сериозно повреден, изјави тренерот на Монпелје, Патрис Канаје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.