Саше Ѓоргески, признат ракометен работник, почина утрово по неколкудневна битка со Ковид 19. Ѓоргески своевремено беше ракометар, настапуваше во Гостивар, но и Супер лигата во екипата на Југ пред да ја заврши кариерата поради повреда и да се префрли во судиски води.
Имаше долга и успешна судиска кариера во пар со Васе Зипевски. Беше познат како секогаш насмеан, ведро расположен, познат и по гитарата и песната како негова голема љубов покрај ракометот. Откако пред две години заврши со судиската кариера, продолжи како делегат и беше активен се до моментот на неговото прерано заминување.
извор: Г-спорт
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.