Уредникот на спортската редакција на албански јазик во Македонската телевизија (МТВ), Мустафа Адеми, кој преку ноќ стана „ѕвезда“ со бојкотот кон Стојанче Стоилов кого во преносот од мечот Македонија-Јапонија го нарекуваше како „играч со бројот пет“, засега нема да се соочи со казна, а во меѓувреме добива поддршка и од главниот и одговорен уредник на МТВ2, Мигена Горенц, пишува „Спорт1.мк“.
Во денешниот разговор за овој портал, лидерката на албанската редакција во националниот сервис прво не сакаше да го коментира завчерашниот скандал поврзан со новинар на кого хиеархиски му е претпоставена, но потоа децидно потенцира дека Адеми ја има нејзината поддршка.
Ако мислевте дека нема да има реакција од албанските спортски новинари на потегот на Стоилов, кој реши да напушти официјална манифестација зашто не му се допаѓало да го слуша албанскиот јазик од бината, тогаш многу грешите. Лично мислам дека не треба да има поделби на наши и ваши, но како главен и одговорен уредник на МТВ2 стојам позади мојот новинар. Акцијата носи реакција, кратко и јасно кажано“, изјави за „Спорт1“ Горенц.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.