Само неколку дена по смртта на голманот на РК Охрид, Никола Даниловски, чие безживотно тело беше најдено во водите на Охридското езеро, денеска нова трагедија ја потресе спортската јавност по информацијата за смртта на 20-годишниот ракометар на Бутел, Марко Божиновски.
Причина за смртта, неофицијално, е срцев удар кој му се случил во сон. Тој вчера настапил на средбата против Еурофарм Пелистер 2, на која постигнал два погодока, по што заминал дома и за жал не се разбудил.
Божиновски е поранешен кадетски репрезентативец на Македонија и дете на Металург, каде што настапувал за вториот тим пред да го засили тимот на Бутел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.