Откако успеаа да ја победат Франција во првиот меч во евроквалификациите, северниот сосед Србија направи ново изненадување на гостувањето, играјќи реми 26-26, со што Србите практично ќе имаат виза за настап на континенталниот шампионат, зашто Белгија и Грција не би требало да им бидат сериозен противник, кога веќе во меѓусебниот дуел се подобри од олимпискиот првак.
Во последната минута се влезе со нерешени 26:26, но Србите не искористија напад за победа. Mесто тоа и оставија време на Франција за да зададе удар. Сепак, и триколорите не беа на потребното ниво, па и на тој начин влегоа во последните 20 секунди со можност за два бода.
И во таа комбинација не успеаја бидејќи gолманот на Србија, Владимир Цупар одново беше пречка за нив и ја одбрани Србија која освои голем бод кој и ги отвара патиштата за пласман на Европското првенство во 2022 година.
Мијајло Марсениќ со осум гола и Петар Ѓорѓиќ со шест беа најефикасните во редовите на Србија, додека Фабрегас со пет и Н’Гесан со четири ги предводеа Французите. Цупара имаше 12 интервенции, а Милосављев една откако одбрани седмерец во клучните моменти од средбата.
Србија во првиот меч во Зрењанин ја победи Франција со 27-24, па сега со три бода од два меча е прва на табелата во квалификациската група, Франција има еден бод од два меча, додека Белгија и Грција немаат одиграно ниту еден дуел засега.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.