Норвешка е новиот светски првак во ракомет, откако денеска во финалето на Светското првенство во женска сениорска конкуренција во Шпанија, ја совлада Франција со 29:22 .

На теренот во Гранољерс по првото полувреме не се најавуваше дека Норвешка на крајот ќе дојде до трофејот. Франција беше таа која доминираше во првите 30 минути, трипати имаше и позитива од шест голови разлика (14:8, 15:9, 16:10).
Француската репрезентација го одигра можеби најслабото второ полувреме на овој шампионат, постигнувајќи само шест голови.

Норвешката селекција направи серија од 7:2 и преземање на водството. При 20:19, следуваше нова фуриозна серија на Норвешка од 6:1 за 26:20 и тука веќе се решија сите дилеми околу шампионот.

Најефикасна во победничките редови беше Реистад со шест голови, по пет имаа Мерк, Офтедал Бредал и Дале Братсет, а на спротивната страна четири погодоци запиша Пино.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.