По завршувањето на групната фаза ги дознавме сите четвртфинални двојки на ракометниот турнир на Олимписките игри во Токио, Јапонија.

Сите дуели се закажани за 3 август, Франција ја има фаворитската улога против Бахреин, и победникот од тој меч во полуфиналето ќе се соочи со Германија или Египет.

Токму дуелот во вторник (13:45 часот по македонско време) помеѓу Германците и Египќаните ќе го суди нашата судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Во останатите четвртфинални средби ќе се сретнат Шведска – Шпанија и Данска – Норвешка.

За Начевски и Николов тоа ќе биде вкупно шести натпревар на Олимпијадата во Токио. Претходно делеа судиска правда на мечевите: Шпанија-Норвешка 28:27, Франција-Германија 30:29, Норвешка-Франција 32:29, Португалија-Египет 31:37 и Португалија-Данска 28:34.

Да додадеме уште дека познати се и четвртфиналните двојки на женскиот ракометен турнир, тие се: Норвешка – Унгарија, Црна Гора – Руски Олимписки комитет, Франција – Холандија и Шведска – Јужна Кореја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.