Македонскиот шампион Вардар го забележа првиот неуспех во новата сезона на СЕХА лигата, откако на гости кај Мотор Запорожје беше поразен со минимални 32-31.
На радоста на домашните ракометари како да им немаше крај, а Денар Јанима како да не можеше да верува дека неговиот тим славеше победа над актуелниот европски и СЕХА шампион.
Неверојатно – славевме над европскиот шампион Вардар. Одлични емоции, голема борба, можеби имавме повеќе среќа во финишот, но ова беше голема победа за нас, рече ракометарот на Мотор Денер Јанима.
Вардар во последната секунда имаше шанса да стигне до реми, но искусниот Иван Чупиќ не успеа да реализира удар од седум метри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.