Со собирот во 13 часот во скопскиот хотел „Александар Палас“ денеска почнуваат подготовките на македонската машка сениорска ракометна репрезентација за настапот на Европското првенство (ЕП) во јануари следната година.

Селекторот Данило Брестовац на стартот ќе располага комбиниран тим од 19 ракометари, додека најдобрите репрезентативци кои се со интернационален статус имаат клупски обврски до крајот на годината, па тие ќе се приклучат на селекцијата на 2 јануари 2020.

Беше најавено доцнење на интернационалците кои настапуваат во Шпанија, Костадин Петров (Гвадалахара) и Дарко Димитриевски (Синфин) поради клупски обврски и дека тие дури на 23 декември ќе му се приклучат на тимот, односно непосредно пред патувањето за Белград. Доколку е така следниве три дена Брестовац ќе располага со 17-те ракометари.

Во првиот дел од подготовките за ЕП, Македонија ќе одигра четири контроли, односно двомечот со Кувајт во Белград, како и учеството на турнирот „Трофеј Карпати“ каде потенцијални ривали ни се Романија, Алжир и Холандија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.