Во еуфоричен статус на „Фејсбук“ вчера веднаш по победата на Вардар над Барселона, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов најави дека денеска финалето ќе може да се следи групно на плоштад на голем видеобим.

Иако доцнат еден ден, бидејќи и вчерашниот натпревар беше успех кој трабаше секој граѓанин да има можност да гледа, Шилегов и неговата екипа од Град Скопје, сепак се разбудија и пробуваат некако да си го скријат колективниот срам и неуспех.

Да, ќе го следиме наптреварот на бим, арно ама пак ќе навиваме со момците од Арена (не дека на некој фан на Вардар тоа му пречи, навиваат како да се Комити). Но, срамот е што не се најде јунак, не се роди, меѓу сите тие „бањати“, па да се соберат доволно средства и барем финалето да заврши на македонска телевизија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.