Актуелниот претседател на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, ќе добие уште еден мандат.
Сите делегати кои ќе учествуваат на претстојното Изборно собрание закажано за 31 јануари му ја даваат довербата на Мукаетов.
Според ова, останува в недела, делегатите само да го потврдат новиот мандат на првиот човек на компанијата „Алкалоид“ за претседател на РФМ.
Мукаетов е еден од најуспешните претседатели на спортска федерација во нашата земја. Тој на чело на РФМ дојде пред осум години и има огромен придонес во подобрување на состојбите со овој спорт во целата држава
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.