Младиот голман на македонската репрезентација, Марко Кизиќ, е нов ракометар на Еурофарм Пелистер со кого потпиша тригодишен договор.

Овој 20-годишен голман доаѓа од Вардар, висок е 190 сантиметри, а тежок 89 килограми. Кизиќ веќе има искуство од настапи во Лигата на шампионите, а во битолскиот клуб ќе се приклучи по завршувањето на сезоната.

Кизиќ имаше одлични настапи за Вардар во Лигата на шампионите, особено минатата сезона. Сепак, оваа сезона е во сенка на Борко Ристовски кој е прв голман на вардарци, а шансите за добивање на поголема минутажа во следната сезона се намалија откако „црвено-црните“ го договорија репрезентативниот голман, Мартин Томовски.

Официјалната презентација на Марко Кизиќ ќе се одржи пред почетокот на сезоната 2021/22 во Битола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.