Младот полски ракометен репрезентативец Давид Јакубовскиц (18) го загуби својот живот во сообраќајна несреќа.

Ракометарот на Пјотрковјанина починал на лице место. Несреќата се случила во градот Јацентов, а трагичната вест ја потврдија и од неговиот клуб. Според полицијата автомобилот од непозната причина излетал од патот и паднал во реката при што целиот бил под вода.

Давид Јакубовски учествуваше на Европското првенство за јуниори во 2018 година. Тој се сметаше за еден од најталентираните полски ракометари, а имаше и два настапи во Супер лигата на Полска од кои последниот против Келце.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.