Пред денешниот тренинг  на нашата селекција се обрати голманот и еден од творците на победа над актуелниот светски шампион  Никола Митревски.

Се собравме и неколку дена пред собирот се подготвувавме за да се обидеме да ја изненадиме Данска. Цел свет знае дека се светски и олимписки шампиони и дека во последните дваесетина години се меѓу неприкосновените ракометни велесили кои освојуваат злата. Знаевме дека ќе биде тешко, бевме мотивирани, одигравме беспрекорно. Сите имавме свој дел и задача која требаше да ја исполниме. Дали индивидуално или по позиции сите одговоривме на задачите кои ги добивме од Кире и неговите соработници, кои скоро перфектно си ја завршија својата работа. Го анализиравме противникот и бевме спремни да одговориме на секој нивни потег.

Она што го одигравме вчера ќе се обидеме да го повториме и во Алборг. Доколку ја повториме агресивноста од вчерашниот натпревар мислам дека имаме свои шанси да покажеме дека победата не е случајна. Сè што правевме, правевме со одредена цел, ниеден потег не беше залутан. После победа над светски шампион сите се чувствуваме убаво и не летаме во облаци, бидејќи за два дена ни следи натпревар во Данска. Тие ќе се обидат да ни вратат за овој пораз“, изјави голманот на Порто.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.