Поради лошата одбрана го загубивме натпреварот. Но, тоа е што е… Сега треба да се концентрираме на последниот дуел. Го одбравме потешкиот пат но со победа против Австрија посакуваме пласман во следната рунда, изјави за „Екипа“ Никола Митревски, голманот на македонската ракометна репрезентација која вечерва загуби од Чешка со 25-27 во мечот од второто коло од прелиминираната рунда.

Со овој пораз македонските ракометари го одбраа потрнливиот пат за пласман во втората фаза на шампионатот. Само првите две од вкупно четири репрезентации од групата го продолжуваат пласманот во втората фаза.

Митревски имаше извонреден настап на ЕП 2020 против Украинците, но денеска, за жал доби многу мала минутажа и тоа во вториот дел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.