Македонската машка репрезентација против Швајцарија ќе го одигра последниот меч од квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство 2022 година.

Голманот Никола Митревски пред мечот најавува победа, иако мечот нема резултатско значење.

„Со оглед на тоа дека успешно ги завршивме овие квалификации и имаме пласман на ЕП, единаесетто големо натпреварување по ред за Македонија ни останува уште последниот меч кој за нас нема резултатски значење, ама нема ништо послатко од победа во репрезентативниот дрес. Сите сакаме да победиме и се подготвуваме за тоа, добиваме доста податоци од стручниот штаб што и како треба и мислам дека ќе бидеме доволно подготвени да прикажеме добра и солидна игра, за да го крунисаме циклусот со победаШвајцарија покажа и на СП дека доста напредува, имаа доста добри натпревари, сега исто така и со Данска. Не се светска велесила, но имаат искусни играчи кои знаат што прават и што сакаат во напад. За да одговориме на нападот на Швајцарија ќе мора многу ангажираност за да се застанат нивните напади. Имаме уште ден-два да ги завршиме тие договори и таткички замисли на стручниот штаб, како треба да изгледа нашата одбрана. Се надеваме дека во дуелот со Швајцарија тие промашувања со Финска ќе ги поправиме и ќе ги погодиме и ќе бидеме поефикасни во завршницата“, вели Митревски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.