Вторпат во последните три сезони Вардат е европски ракометен првак. Македонскиот великан го совлада унгарски Веспрем 27:24 во финалето на Лигата на шамниони.

По натпреварот 23-годишниот голман Дејан Милосављев раскажа за облогот со најкорисниот играч на финалето Игор Карачиќ.

Игор ми рече уште на почетокот на сезоната дека ќе ја освоиме титулата. Пред натпреварот со Монпелје, му реков дека ќе имам 14 одбрани и ќе бидам  најдобар играч на натпреварот, ми рече нема шанси. Ми должи ајфон. Потоа, ми рече ако победиме вечерва со Монпелје, ќе бидеме европски шампиони. И ете, тука сме, победивме во Келн, раскажа за Арена спорт младиот голман по натпреварот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.