Ова што се случи во вториот дел, тоа е нашата сила – тоа е тој наш карактер. На полувреме се погледнавме и само се договоривме да поправиме некои работи. И на крај видовте што се случи, а мислам дека и заслуживме вакво нешто. Најмило од сѐ ми е тоа дека покажавме дека не смее никој да не потцени. На нас гледаа на аутсајдер, па сега еве што ги снајде, изјави голманот на Вардар Дејан Милосављев по пласманот во финалето на ЛШ.

Милосављев денеска беше неверојатен на голот на „црвено-црните“. Тој имаше 18 одбрани, и беше постојано на ниво.

Баш ми е драго што ова ги снајде Каталонците, рече Милосављев по мечот со Барселона.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.