Дејан Милосављев избра најдобар можен начин да се збогува со дресот на Вардар и со две величенствени партии во дресот со црвено-црна боја ја освои европската титула. Младиот голман кој потекнува од школата на Југович од Кач, а во Вардар дојде од Партизан беше емотивен при изјавата за српските медиуми.
Голманот беше во неверица по победата и во микс зоната емоциите го надвладеаја.
„Не можам да поверувам дека сме шампиони. Ја гледам мојата идна сопруга, девојката која ќе ја оженам за десет дена на трибините и не верувам дека сме европски шампиони. Како е можно ова да се случува? До вчера ги гледав овие момци од трибините, а сега сум тука и сум европски првак со нив. Сакам да му се заблагодарам на нашиот тренер на голмани, Дејан Периќ, кој од првиот момент веруваше во мене. Тој, Едуард Кокшаров и Сергеј Самсоненко се најзаслужни што дојдов во Вардар и им благодарам што ме прифатија на најдобар можен начин. Мислам дека на најубав начин се простив од Скопје и Македонија. Потпишав многу порано во Германија, отколку што објавија медиумите, но секогаш играв докрај и до последната капка пот гинев за Вардар“, рече за „Balkan-handball“, младиот чувар на мрежата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.