Милчо Чакарески не е повеќе директор на машката ракометна репрезентација. Тој и Ракометата федерација на Македонија (РФМ) се договориле да ја прекинат соработката, соопшти РФМ.
„Ракометната федерација на Македонија ја известува спортската јавност дека во координација со директорот на машките репрезентации Милчо Чакарески, заеднички донесоа одлука за прекин на досегашниот ангажман. Чакарески ја извршуваше функцијата спортски директор во период од март 2016 до септември 2019, поради персонални професионални ангажмани Чакарески се повлекува од функцијата во стручниот штаб на машките ракометни репрезентации. Во периодот кој следува УО на РФМ ќе постави нов вршител на функцијата, се вели во сооптштението на РФМ објавено на официјалната веб страница.
Милчо Чакарески беше директор на репрезентацијата од 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.