Лошите авио-конекции и неможноста на екипата комплетна да патува во еден авион за Шпанија ги сменија плановите на Металург, велат од ракометниот клуб.
Металург самиот, но и со помош на ЕХФ, бараше комбинации со авион да оди во Шпанија, но на крајот како единствена варијанта остана екипата да патува поделена во два дела, со тоа што едниот дел ќе патуваше од Белград, а другиот од Софија.
Бидејќи, поради корона-кризата, секоја земја има свои протоколи, Металург реши да не ризикува и утре навечер ќе тргне со автобус за Шпанија. Патот долг околу 3.000 км екипата ќе го мине за околу 40 часа.
Утре наутро Металург уште еднаш ќе ги тестира сите свои ракометари и навечер, со готовите тестови, ќе тргне на пат.
Средбата со Адемар Леон ќе се одигра во вторник, со почеток во 20.45 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.