Ракометарите на Металург, вечерва (18:45 ч.) во Швајцарија ќе го одиграат реванш мечот од последното квалификациско коло против Криенс, кој за нашиот преставник е отворена врата кон групната фаза од второто по ранг, натпреварување на ЕХФ.
Верувам во мојот тим и знам дека момците можат да одиграат многу подобро отколку што одиграа во првиот натпревар. Свесни бевме дека патникот за Лигата на Европа ќе се решава во Швајцарија, вели стратегот на Металург Зоран Кастратовиќ.
Во Скопје пред седум дена, Кастратовиќ и неговите момци изборија победа од 26:24 и со два гола предност допатуваа во Цирих во обид да ја одбранат позитивата и да се промовираат во еден од учесниците во главната фаза на натпреварувањето.
Требаше поефективно да ја искористиме нашата добра игра во одбраната и да акумулираме поголема предност по првите 30 минути. Имавме голем број неизнудени технички грешки, кои противникот ефектно ги искористи и не дозволи да го ставиме во подредена улога. Генерално, задоволен сум од одиграното, пред сѐ во одбраната, бидејќи Кринс тактички не нѐ изненади во ниеден момент. Она што ми пречеше во овој меч е малиот број упатени шутеви од бековските позиции и тоа ќе мора да го промениме за реванш-дуелот, вели Кастратовиќ.
Металург замина комплетен за Швајцарија и со сите сили ќе нападне на место во финалата фаза на ЛЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.