Барселона претрпе тежок пораз во полуфиналето од Вардар и тоа во момент кога од +7 вардаровите херои одиграа максимално и приредија чудо.

Десниот бек Дика Мем и два дена по случувањата во „Ланксес арена“ не може да ги задржи солзите, а вина најде и кај судиската двојка.

За нас е загубена шанса. Мене ова првпат ми се случува, да водам со седум гола разлика и на крај да загубам. Во мене имам гнев поради тоа што знам дека ќе ја освоевме титулата. Судиите досудија неколку пати во корист на Вардар. Вистина е дека не ни помогнаа, но не треба да се насочуваме кон нив. Вината е целосно кај нас. Не можете да сметате дека имате добиен натпревар, сигурно тоа не треба да се прави против екипи како Вардар – вели францускиот интернационалец.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.