Македонскиот репрезентативец, Мартин Велковски стави потпис на четиригодишен договор со Еурофарм Работник кој во идната сезона ќе се натпреварува во СЕХА лигата.
По одличната сезона и освоеното второ место, Еурофарм Работник го засилува тимот за новите предизвици кои се пред него. Тоа е настап во СЕХА лигата, а битолскиот тим има поднесено и апликација за настап во Лигата на шампионите.
Велковски е четврто засилување за Работник, a претходно тие потпишаа со Митревски, Маџовски и Тарајац. Од клубот најавуваат дека работат на носење на уште неколку квалитетни играчи кои треба да го кренат нивото на тимот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.