Селекцијата на Србија доживеа пораз од Македонија на првиот пријателски меч во Скопје од 37-31.
Нашиот северен сосед не најде решение за четата на Раул Гонзалес која ги надигра во двете полувремиња. Меѓутоа и во поразот Србите најдоа позитива, односно тоа е поуката која ќе можат да ја извлечат пред престојните предизвици и настапот на СП во Данска и Германија
И честитам на Македонија на фер и коректната борба и секако победата. Што се однесува до самиот натпревар, Македонија на средина на првото полувреме направи една добра залиха за продолжението од натпреварот, ние имавме доста технички грешки. Борко беше на ниво, промашивме многу зицери, ќе извлечеме поука од овој натпревар и во следните средби сигурно ќе бидеме подобо-рече Мијајло Марсениќ.
Тој потоа се осврна на топлиот прием од публиката во Скопје.
Полно ми е срцето, јас многу го сакам овој народ, овој град, оваа држава и навистина се чувствувам како дома. На Македонија и посакувам многу среќа да направи што подобар резултат-истакна поранешниот член на Металург и Вардар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.