Македонската ракометна репрезентација утре ќе ја пречека Србија во првиот од двата контролни натрпевари како дел од подготовките за Мундијалот кој што следува во јануари. Тоа ќе биде можност за Мијајло Марсениќ повторно да се врати во нашата земја и да заигра во Скопје.

Српскиот интернационалец е поранешен ракометар на Вардар, кој на крајот од минатата сезона ја продолжи кариерата во Фуксе Берлин.

Така е и баш се радувам на тоа. За тој град ме врзуваат преубави сеќавања. Го сакам македонскиот народ, имам многу пријатели таму. Едвај чекам да одам. Нема да имаме многу време, но ќе се напиеме по некое кафе. Со Вардар освоив титула во ЛШ, ги остварив моите соништа…

Ќе играме против репрезентација која ја води мојот екс тренер (Раул Гонзалез) за кого имам само пофални зборови. Лазаров и Стоилов им се лидери во тимот, а нас овие дуели ќе ни дадат одговор до каде сме и што треба да поправиме, вели поранешниот вардарец.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.