Ракометното крило Дејан Манасков му го откажал настапот на селекторот Данило Брестовац, а неизвесен е и настапот на пикерот Стојанче Стоилов за двата завршни натпревара од евроквалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство (ЕП) следната година.
Стоилов поради настапот со Вардар на Ф4 турнирот во Келн најверојатно ќе одигра еден од двата предвидени натпревара.
Репрезентацијата ќе биде комплетна до првиот тренинг, според селекторот Брестовац.
Македонската ракометна репрезентација во финишот од квалификациите влегува како првопласирана во групата со пет бода, колку што има и Исланд, но нашиот тим е подобар во меѓусебниот дуел. На македонската репрезентација и се потребни две победи за да го задржи првото место во групата со што ќе има подобра позиција во пресрет на ждрепката.
Средбата со Турција е на 12. јуни во гости, а дуелот против Грција на 16. јуни ќе биде одигран во Струмица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.