Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков со Веспрем ќе се бори за трофејот во ракометната Лига на шампионите. По полуфиналниот триумф над Киелце, унгарскиот состав го очекува противникот за финалето, победникот од мечот меѓу Вардар и Барселона кој почнува во 18 часот.

Половина желба ми се оствари, Вардар да си ја заврши работата, нам секако со никого нема да ни биде лесно, вели Манасков, за кого ова ќе биде прво финале во Лигата на шампионите, а за Веспрем е четврто.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.