Македонската ракометна репрезентативка Наташа Нолеска е вмешана во допинг-скандал кој ја тресе ракометна Романија. Таа заедно со уште три ракометарки на Корона Брашов признала дека во клиниката во Брашов примала интровенозна терапија која е забранета со правилникот за допинг на Светската анти-допинг агенција (ВАДА).

Романските репрезентативки Кристина Ласло, Бјанка Базалиу и Дацијана Хосу нема да играат на Светското првенство во Јапонија. Како што објавија медиумите во Романија, ракометарките од вчера се суспендирани, откако претходно признале дека примале терапии.

Романската анти-допинг агенција (АНАД) истражува дали ракометарките на своја рака ги земале терапиите или тоа било со знаење на клубот.

Суспендираните ракометарки ќе дадат искази на 4 декември.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.