Ракометната репрезентација на Македонија оствари победа против Србија со 37-31 (19-13) во првата од двете контролни средби пред СП 2019, кое се игра од 10 до 27 јануари во Германија и Данска.
Синоќа во „ВИП арена“ во Скопје, избраниците на Раул Гонзалез одиграа одличен меч, во кој доминираа. Во 42. минута, „црвено-жолтите“ стигнаа и до двоцифрена предност (27-17) а потоа македонските ракометари смирено го приведоа натпреварот кон својот крај и конечна победа од +6.
Најпрецизни во составот беа Манасков со 9, Кузмановски со 6 и Лазаров со 5, додека кај Србија Марсениќ реализираше 3 голови.
Втората проверка се игра утре, 6 јануари, но средбата ќе биде од затворен карактер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.