Ракометарот Филип Талески ја има најважната поддршка. И како што се вели, во животот на мажите најважни се три жени, а тоа се мајката, сопругата и ќерката.

Во Минхен дојде неговата сопруга Ена и ќеркичка Софија, која пред некој дена наполни 40 дена.

Македонскиот репрезентативец на својот „Инстаграм“ профил ја сподели фотографија и пиша: Мојата најголема мотивација…

Ракометарот инаку неодамна стана татко иако веднаш по раѓањето не ја сподели оваа вест со јавноста.

Тој стапи во брак со Ена, македонка која живее во Германија, а ова е инаку нивното прво дете.

Синот на македонскиот репрезентивец Борко Ристовски, Душан, е веќе големо момче и познат е како верен навивач на машката ракометна репрезентација на Македонија. Сепак, „мојот Лав“, како што го нареков Борко, најмногу му се радува на тато!

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.