Првите 30 минути на Светското првенство за кадети, машката репрезентација на Македонија ги реши во своја корист на дуелот против селекцијата на Аргентина со 13:9.

Ракометарите почнаа мирно. Првите неколку минути минаа во мирна игра, а Македонија успеа брзо да дојде до предност од 6:3. Овие три гола отворија убав простор за игра, но дојде до мала криза и тоа допринесе за враќање во игра на противникот. Брзо беа обезбедени 6:6, но тогаш одново следуваше подобра игра во одбрана, интервенции на Кизиќ, лесна реализација од Костески и брзо беа вратени трите гола позитива.

Најголемата предност беше четири погодоци во завршницата од првото полувреме кога, Македонија имаше 11:7 и 12:8, а ова даваше можност да се замине на одмор со убава предност.

Во првите 30 минути Кизиќ успеа да собере шест интервенции, пет гола имаше Костески, два Младеновиќ, а по еднаш реализираа Кондев, Цигероски, Божиновски, Карапалевски, Симоновски и Серафимов.

Предноста од 13:9 е одлична после првите 30 минути, а се очекува во продолжението да дојде до опуштање и до далеку подобра игра на кадетите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.