Македонската машка кадетска ракометна репрезентација убедливо ја совлада Србија со 35-26 на вториот тест на традиционалниот турнир во Бугојно.
Македонија одлично го отвори мечот со серија од 3-0, по што противниците се обидоа да ја намалат негативата, но нашите кадети ја одржуваа предноста од четири гола (10-6), а до полувреме стигнаа и до убедливи 16-7.
Во вториот дел повторно следуваше доминација на македонските кадети, кои ја одржуваа предноста, а во еден момент стигнаа и до 23-12. Сепак, српската репрезентација успеа да намали во финишот на конечни 26-35.
Македонската селекција утре треба да се пресмета со Швајцарија, со која имаше два важни дуели минатото лето на ЕХФ-шампионатот во Грузија. Тогаш во групната фаза успеавме да ги совладаме, но потоа загубивме во завршницата и го освоивме четвртото место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.