Македонската ракометна репрезентација има предност од два гола по првото полувреме против Исланд. Водиме со 13-11 во мечот кој мора да го добиеме за да продолжиме во следната фаза.

Нашата репрезентација имаше одличен старт со 4-1, но Исланд се врати и во продолжението од полувремето се играше рамноправно, селекциите се менуваа во водство, но финишот ни припадна нам.

Кире Лазаров и Дејан Манасков со по четири гола се најдобри стрелци во првото полувреме. Борко Ристовски има седум интервенции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.