Најдобрите македонски ракометари губат со пет гола разлика (11-16) од Хрватска во мечот од 3. коло на Светското првенство (СП) кое е во тек во Германија и Данска.

Селекторите на двете репрезентации Раул Гонзалес и Лино Червар во првите 30 минути се надмудруваат кој подобро ја игра „7 на 6“, а фактите велат тоа повеќе му успева на Червар, со оглед дека неговите избраници имаат пет гола предност.

Кај нас, крилото Дејан Манасков со пет гола е најефикасен, a кај Хрватите Игор Карачиќ постигна четири гола.

Хрватскиот голман Шего има одлична партија, одбрани седум пати, од кои повеќето беа зицери. Ристовски фати три топки.

За одбележување е цепелинот на двете македонски крила, Георгиевски и Манасков на резултат 13-8.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.