Трансферот на македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски во германски Магдебург е веќе оддамна познат, а клубот пред почетокот на СП го потврди на својата веб страна.

Среќен сум што еден од најталентираните средни бекови во Европа доаѓа во нашиот клуб. Иако има само 22 години има големо искуство во настапите во Лигата на шампионите и на големите натпреварувања и очекувам дека ќе биде големо засилување за Магдебург. Среќен сум што тој го избра Магдебург за негова следна дестинација и се радувам на соработката од следната сезона, истакна тренерот на германскиот тим, Бенет Вигер.

Кузмановски сезонава направи трансфер од Металург во Еурофарм Работник, тим со кој ќе настапува во групната фаза од ЕХФ купот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.