Поранешниот тренер на скопски Металург и селектор на македонската ракометна репрезентација, Лино Червар синоќа како селектор на Хрватите го загуби и третото финале на европските првенства. По поразот од Шпанија најави дека веќе нема да ги води „коцкестите“. Во патетичната изјава, зборувајќи за кариерата во ракометот го спомена и Металург.

Во Македонија пет години тренирав екипа од крајот на градот, сиромашна екипа, со неа двапати бевме меѓу петте најдобри во Европа, а немавме ниту добар тоалет, рече меѓудругото Червар.

Металург пак веднаш по завршувањето на финалето на социјалните мрежи му испрати честитка за постигнатиот успех.

Делот за Металург е на 2.27 од снимката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.