Ракометната репрезентација на Македонија денеска ги доби противниците во групната фаза на претстојното Европско првенство кое во јануари идната година ќе се одржи во Унгарија и Словачка. Жрепката сакаше Македонија да биде во групата А заедно со селекциите на Словенија, Црна Гора и Данска, а натпреварите ќе се играат во Дебрецин.
Првиот натпревар, ракометарите ќе го играат на 13 јануари против Словенија, потоа на 15. Јануари следи дуел со Црна Гора и два дена подоцна е пресметката со актуелниот европски шампион Данска.
Селекторот и капитен на репрезентацијата, Кире Лазаров, вели дека ќе се фокусира на играта на македонската репрезентација, а не на противниците бидејќи смета оти се ќе зависи од нас самите.
Противиците се тие што се, но нема многу да се оптоваруваме со нив. Одиме по потешкиот пат, но нема изговори. Ќе се подготвиме максимално и ќе играме на секој натпревар на победа. Зависиме од нас самите и од тоа колку ние ќе успееме да го подигнеме нашето ниво до јануари. Прочитав некаде Николче Митревски, еден од нашите лидери изјавил дека ако играме како што умееме, не е важно кој ќе ни биде ривал. Уште од утре ги започнуваме подготовките за настапот на ЕП – вели Лазаров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.