Заврши настапот на македонската машка ракометна репрезентација на Светското првенство (СП) кое е во тек во Египет, а од Интернационлната ракометна федерација (ИХФ) излезе целосна статистика за сите наши ракометари.
Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров (40) и покрај годините е пример за сите. Последниот Мундијал го заврши со 28 гола и 24 асистенции, прв во таборот на македонската репрезентација.
Тоа му носи нов рекорд од вкупно 500 голови постигнати на Светските и Европски првенства, нешто не остварливо до сега за ниту еден друг ракометар во историјата. Лазаров зад себе има настапи на 12 големи натпреварувања и тоа СП во 1999, 2009, 2013, 2015, 2017, 2019 и ЕП во 2012, 2014, 2016, 2018 и 2020.
ИХФ го искористи негово присуство во Египет за да му посвети видео со интервју и мала ретроспектива од Мундијалите. Го објавија со следниве зборови: Lazarov the Great.
Lazarov the Great 🇲🇰 #Egypt2021
22 years after his first IHF World Championship, precisely in Egypt, a thankful @LazarovKiril7 looks back at his most glorious days with the North Macedonia jersey 🙌
Full feature ▶️ https://t.co/qfVIZDdyyB pic.twitter.com/4wwQbFiYE5
— International Handball Federation (@ihf_info) January 24, 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.