Во интервју за „Спортске Новости“ од Загреб, Кирил Лазаров зборуваше за неговиот јуни годинава и седмото учество на завршниот турнир во Келн.

Планот ми беше да престанам со играње и мислев дека ќе биде тешко. Сите мислевме дека оваа пандемија ќе престане и како одминуваше сезоната имаше многу проблеми. Клубот имаше потреба и искрено играв и повеќе од планираното. Играв и добро и премногу и клубот покажа интерес за продолжување на соработката, посебно и заради тоа што Гурбиндо најави заминување во Вардар. Размислив и прифатив. За мене не е никаков проблеми, а и на клубот му треба искуство.

Потоа во Египет се случи тоа што се случи со македонската репрезентација, а тоа кај нас е трагедија. А всушност не е, па доби и понуда да бидам селектор. Во договор со претседателот на Нант, ја прифатив таа понуда, бидејќи таква шанса не се пропушта“, рече Лазаров.

Во некоја друга сезона, месец јуни веќе ќе беше месец за одмор на најдобрите светски ракометари, а сега оние кои се борат за европската титула, се подготвуваат за завршниот турнир во Келн Најдобриот македонски ракометар верува и во подвиг во „Ланксес Арена“ и покрај силната конкуренција на ПСЖ, Барселона и Алборг.

Да не е настапот на „фајнал-фор“ веројатно би бил уморен од сè,, но вака сум многу мотивиран. Со годините заморот е повеќе психичка, отколку физичка категорија. Клучно е да бидеше психичко мотивиран за да се носиш со сè. Ќе пробаме со Нант да бидеме европски прваци и да се избориме за настап и следната сезона во Лигата на шампионите. Ако победиме, можеби ќе добиеме „вајлд-карта“, заврши Кирил Лазаров.

Следната сабота Барса, поранешниот клуб на Лазаров е полуфиналниот противник на Нант. Второто полуфинале го сочинуваат Алборг и ПСЖ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.