Македонската ракометна репрезентација доби тешка група на денешната ждрепка за Европското првенство 2022, но Лазаров вели дека нема изговори, одиме на победа на секој натпревар. Ќе игра во група со Словенија, Данска и Црна Гора во Дебрецен. Првите две селекции продолжуваат во следната фаза.

Селекторот Кире Лазаров знае дека ќе биде тешко, но вели дека се ќе зависи само од нас.

„Противиците се тие што се, нема многу да се оптоваруваме со нив. Ќе се подготвиме максимално и ќе играме секој натпревар на победа. Прочитав некаде Николче Митревски, еден од нашите лидери изјавил дека ако играме како што умееме, не е важно кој ќе ни биде ривал. Веќе од утре почнуваме со подготовки за ЕП. Одиме по потешкиот пат, но нема изговори. Зависиме од нас самите и од тоа колку ние ќе успееме да го подигнеме нашето ниво до јануари“, изјави Лазаров.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.