Машката репрезентација на Македонија го игра првиот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство во Унгарија и Словачка во 2022 година. Ривал на избраниците на Данило Брестовац е селекцијата на Финска против која водиме со 16-10 по првото полувреме.

Маџовски и Лазаров четири пати погодија за 10-5 во 20. минута на мечот, иако во овие моменти водството на Македонија можеше да биде зголемено уште повеќе, бидејќи ривалот играше со три ракометари во поле.

На пауза се замина со плус шест, откако Лазаров погоди од пенал по истекот на времето. Капитенот постигна половина од погодоците на нашата селекција – седум, а три гола даде Кузмановски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.