Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, пред првиот натпреварот против Исланд од квалификациите за ЕП 2020 истакна дека противникот е еден од најдобрите во Европа, но и нашата селекција е тука со квалитетот.
Исланд е подмладена селекција, со тренер кој беше олимписки првак. Нивен главен играч е Палмарсон. Правилата се исти за сите, немаме многу време за подготовки, нема тоа да ни биде алиби. Репрезентацијата горе-долу е иста. Воиграни сме, играме заедно, новост е само новиот селектор. Очекувам тешки натпревари, Исланд го сместувам меѓу најдобрите десет селекции во Европа. Тука сме и ние по квалитетот, истакна Лазаров.
Првиот натпревар против Исланд во Рејкјавик се игра на 10 април од 21.45 часот, додека реваншот во Скопје е закажан за в недела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.